Македонија

Маглата енормно го загади воздухот

Маглата енормно го загади воздухот

Загаденоста на воздухот во Скопје и Тетово утринава е голема. Според индексот на загадување нивото на суспендирани честички PM 10 е високо во неколку скопски населби, а во Тетово е многу високо.

Податоците објавени на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека загаденоста е голема во скопските населби Центар, Карпош, Лисиче и Гази Баба, како и во Тетово.

Во текот на вчерашниот ден во сите овие места било зголемено нивото на овие честитки во просек за четири пати.