Воздухот загаден во Скопје, Тетово, Битола и Кичево

Воздухот утрово е загаден во Тетово, скопските општини, Битола и Кичево.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање регистрираа во Тетово концентрации на ПМ10 честички од 226 микрограми, во Битола 138 и во Кичево 114. Од скопските општини највисоки концентрации се измерени во Центар 197, во Гази Баба 146, Лисиче 143, кај Ректорат 135.

Над максимално дозволените концентрации се измерени во Велес 92 микрограми и Кочани 63 микрограми на метар кубен.