Свет

Воздушни напади врз нафтени пристаништни терминали во Либија

Воздушни напади врз нафтени пристаништни терминали во Либија

Авион-ловец, кој им припаѓа на силите под чија контрола е либискиот главен град Триполи, извршил воздушен напад врз нафтените пристанишни терминали Рас Лануф и Сидра во Либија, на брегот на Средоземно Море, пренесува МИА.

При нападите предизвикана е мала материјална штета, а мета биле цивилниот аеродром во Рас Лануф и нафтени резервоари во Сидра.

Триполи е под контрола на исламистите од групата „Либиска зора“.

По соборувањето на режимот на Муамер Гадафи пред три години, половина од територијата на Либија е во заложништво на непријателски милиции. Во земјата има два парламента и две влади. Оние кои се меѓународно признати се наоѓаат во градот Тобрук.