Воздушни видеа од скопски настани

Компанијата Airview.mk го промовира воздушното снимање во Македонија. Станува збор за летало кое снима од птичја перспектива и на најнедостапните места нудејќи целосен поглед на сите настани директно од небото.

Видеото е во HD технологија и може да биде во различни формати и резолуции.
Оваа летачка камера се користи за снимање во целиот свет и ги нуди најубавите моменти од поглед како никогаш претходно.