Воздушни напади на Сирија загинаа 52 цивили

Во воздушните напади на коалицијата предводена од САД на упориштата на силите на Исламската држава, во село во Сирија загинаа најмалку 52 цивили, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

Директорот на оваа организација Рами Абдел рахман изјави дека меѓу загинатите цивили во селото Бирмале во провинцијата Алепо има седум деца, како и дека во урнатините се заробени 13 лица, пренесува Танјуг.

рахман рече дека во градот оддалечен околу два километри од селото се водат борби меѓу курдските сили и сириските бунтовници против борците на ИД, но дека во селото Бирмале има исклучиво цивили и оти таму не биле стационирани џихадисти.

– Ниту еден борец на ИД не е убиен во овие воздушни напади, но во бомбаридирањето на блискиот град убиени се најмалку седуммина џихадисти, прецизираше тој.

Воздушните удари на коалицијата предводена од САД во Сирија, имаат за цел да пружат поддршка на курдските борци кои се борат против џихадистите во провинцијата Алепо, а најмногу во пограничниот град Кобане, кој се наоѓа близу селото Бирмале.