Воздушните напади во Појасот Газа ги однесоа животите на 14 Палестинци

Ноќеска во извршенот напад на Тел авив биле испукани проектили, пренесоа медиумите. Биле активирани сирените за воздушна тревога, а најмалку два проектила биле уништени од израелскиот систем ПРО. Во текот на нападот животите ги загубиле најмалку четиринаесет Палестинци.

Ова е најтежок бран на насилства меѓу Изаел и плаестинските групи во Газа од израелската офанзива во 2012 година. Операцијата почна по убиството на тројца израелски тинејџери, киднапирани во Западниот брег на реката Јордан, злосторство за кое Израел тврди дека е извршено од Хамас. Над 20.000 војници резервисти се мобилизирани во Израел.

Осум ракети беа испукани од Појасот Газа врз Израел во текот на ноќта. Со тоа вкупниот број ракети испукани од палестинска територија од почетокот на израелската операција е речиси 300.

Според последните информации заедно со објектите на Хамас кои биле уништени во текот на ноќта бројката е вкупно 750. Според Израел, Хамас има околу 10.000 ракети во Појасот Газа.

Најмалку 64 луѓе се убиени во израелските напади врз палестинска територија. Голем дел од нив се цивили. Од нив, 14 загинаа во ноќешните напади.