Возењето без билет во автобусите на ЈСП од утре ќе ве чини 1.000 денари

Јавното претпријатие Скопје (ЈСП) информира дека од утре, први октомври почнува да важи новата цена за дополнителнителниот билет.

Имено секој патник кој ќе биде затекнат дека користи јавен превоз во возилата на ЈСП без билет или со поседување на несоодветен билет од страна на овластениот контролор на ЈСП СКОПЈЕ е должен да го плати издадениот дополнителен билет во износ од 1000 денари. Во спротивно наплатата ќе биде реализирана со ангажирање на овластен извршител во износ од 50 евра глоба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.