Возете внимателно дел од патиштата со влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Обиколницата-Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата, соопштуваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.