Возете внимателно, градежни работи на патот Скопје-Велес

На патниот правец А1 автопат Велес – Скопје пред наплатната станица Отовица ќе се извршуваат градежни работи на пат – изградба на краци за приклучување и исклучување на автопатот. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и се препорачува крајно внимателно управување со возилата, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

На патниот правец Катланово – Велес, воведена е времена измена на режим на сообраќај поради изведување на градежни работи, односно осветлување на тунелите Солиште и Бел Камен. Сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента за што е поставена соодветна сигнализација.

АД Гранит известува дека поради продолжување на градежните работи на делот од трасата на патниот правец А3 Битола – Макази и добиеното одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, пренасочувањето на сообраќајот од бензинската пумпа на Лукоил до клучката за с. Ротино и понатаму продолжува со важност.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани –-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Сообраќајот на останатите државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.