Возете внимателно и почитувајте ја поставената сигнализација

Сообраќајот на сите  патишта низ земјата се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка и Стража, но не се задржува на коловозот.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.