Македонија

Возете внимателно: Коловозите се влажни и лизгави

Возете внимателно: Коловозите се влажни и лизгави

Сообраќајот на сите патишта низ земјава се одвива по влажни коловози и наместа со остатоци од снег. Поради ниските температури во текот на ноќта можна е и појава на голомразица на повисоките и осојничави места, како и на мостовите.

Поради силниот ветар, на одделни места можни се наноси на коловозите.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.