Возете внимателно: Магла и опасност од одрони на некои патиштата

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во републиката  се одвива тековно,по наместа влажни коловози, информираат од Диспечерскиот центар на Јавното претпријатие „Македонијапат“.

Поради појава на магла кај Крива Паланка,Тетово, Павлешенци, Велес, Неготино и Кула имаме намалена видливост до 50 метри. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево,Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.