Возете внимателно: Можна појава на голомразица на повисоките места

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.

Поради ниски температури, на повисоките планински и осојничави места можна е појава на голомразица, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.