Возете внимателно, патиштата чисти, но наместа влажни

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во републиката  се одвива тековно по местимично влажни коловози. Намалена видливост поради магла : Тетово, Гостивар, Стража, Маврово, П.Шапка, Железнец. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.