Возете внимателно, снег на патиштата

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, на повисоките места по претежно влажни коловози, на места со остатоци од кашест снег по интервенција на нашите дежурни екипи. На пониските места коловозите се местимично влажни.

Врнежи од слаб снег се бележат на П.Шапка.

Сообраќајот кај клучка Марвинци – Гевгелија е нормализиран.

На патен правец Страцин – К.Паланка поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150м. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради одрони и голема количина на камења на патниот правец Кочани – М.Каменица сообраќајот е во прекин. Сообраќајот се пренасочува преку патен правец Виница – Пехчево – Делчево.

На патниот правец Катланово-Велес, после наплатна станица Сопот, поради потенцијален одрон сообраќајот превентивно се одвива по една коловозна лента во должина од 200м. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево-Тработивиште.

Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ деноноќно работат на расчистување на одроните и оспособување на сите патни правци за нормално одвивање на сообраќајот
.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.