Македонија

Возете внимателно: Снег на Стража, Маврово и во Крушево

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои по влажни коловози, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Врнежи од снег има на планинскиот премин Стража, Маврово и Крушево кои не претставува проблем за одвивање на сообраќајот, а на планинскиот премин Плетвар и Пресека се бележат врнежи од дожд и снег кои исто така не преставуваат проблем за одвивање на сообраќајот.