Возете внимателно, видливоста околу Скопје само 50 метри

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во републиката  се одвива тековно, претежно по суви коловози. На планинските превои и осојничавите места коловозите се наместа влажни.Поради ниските температури можна е појава на голомразица.

Намалена видливост поради магла: Куманово-100 метри, Скопје – 50 метри, Петровец – 50 метри, Кула 100 метри, Неготино – 50 метри, Д.Капија – 100 метри, Сарамзалино – 100 метри.   Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Крак – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.