Возило на МВР излета кај Хиподром

Возило на МВР утрово од засега непознати причини излетало од автопатот кај клучката Хиподром во Скопје и удрило во оградата, дознава „Република“.

Од МВР информираат дека во возилото „форд транзит“ се превезувале припадници на полицијата, а повредена е сопатничката, која е пренесена во болницата „ Св. Наум Охридски“ со телесни повреди.

Засега нема информации за повреди на други лица и се работи на расчистување на случајот.