Возило се преврте на патот Охрид-Кичево

Сообраќајна незгода, во која за среќа нема повредени се случила утринава на магистралниот пат Охрид-Кичево кај Свети Еразмо.

Според првичните информации од полицијата ,несреќата се случила која жена изгубила контрола на автомобилот „голф“  и се превртела.

Неофицијално, несреќата се случила бидејќи возачот  зборувал на мобилен телефон.

Полицијата врши увид на местото на настанот, а возилата кои патуваат во Охрид се пропуштаат со мало чекање.