Возило влета во ученици во Мелбурн, има настрадани

Седум ученици и жена се повредени кога автомобил се залетал во нив во Мелбурн во петокот, јавуваат тамошните медиуми.

Инцидентот се случил кога група деца на возраст од основно училиште минувала преку улица на раскрсница во Пејкенхем по завршување на часовите, соопштила полицијата.

Жената, на околу трисетгодишна возраст е пренесена во болница и се наоѓа во критична состојба, соопштила болницата.

На сите седум ученици им била пружена медицинска помош поради повреди, но сите се во стабилна состојба, додале болнички извори без да ги специфицира степено на повредите на децата, претежно девојчиња.

Возачот пешки побегнал од местото на настанот пред да пристигне полицијата, оставајќи го возилот на местото на инцидентот.

Полицијата објави дека трага по него според описот кој го дале очевидци, а станува збор за лице кое изгледало по потекло од домородното пацифичко население, на околу 20-годишна возраст.