Вознемирувачка фотографија од сообраќајната несреќа кај Стаклара

Дваесет и четири годишниот Д.К. од Куманово се бори за животот на скопските Клиники, по тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа која синоќа се случи пред Драчево на булеварот „Борис Трајковски“ во близина на Стаклара.

До несреќата дошло при судир на „БМВ“ со кумановски регистерски таблички кое го управувал младиот возач и автомобил „Пасат“ со скопски таблички.

Полесно повредени се возачот на „Пасатот“ М.К.(42) и неговата сопруга Љ.К. на кои лекарска помош им била укажана во Градската општа болница.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.