ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Сириските екстремисти ги распнуваат на крст своите непријатели

Исламистичките екстремисти, кои своите непријатели ги казнуваат на брутален начин, толку се радикални што дури и Ал Каеда се откажала од нив.

Додека во денешно време јавните распнувања на крст се главно дел од ритуалите со кои христијанските заедници го одбележуваат Велигден, тие во Сирија се сурова реалност. Двајца мажи биле распнати на крст во сириската провинција Ракуа во вторникот, а нивните трупови ги чувале припадници на една од најекстремните исламистички фракциии.

Шокантните фотографии биле објавени на социјалната мрежа „Твитер“, а под една од нив било напишано дека биле „погубени седум шпиуни, кои се обиделе да подметнат бомби“. Лицето кое ја објавило фотографијата наводно е члан на исламистичката група ИСИС, која на почетокот на 2014 година наводно била отфрлеан од Ал Каеда бидејќи била премногу екстремна.

Sirija2(A)

Не е познато дали убиените биле членови на други исламистички групи или пак се припадници на прорежимските фракции.

Sirija1(a)

Освен самиот чин, шокантен е и еден коменатр кој се појавил под објавената фотографија на „Твитер“.

„ЛОЛ, стана новиот лажен Исус“, напишал еден корисник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.