ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Боко Харам уби 29 студенти

Не престануваат крвавите напади на озогласената терористичка група Боко Харам. Во нивниот денешен напад загинаа 29 студенти.

Вооружени припадници на исламистичката група упаднале во интернат на едно училиште на североистокот на Нигерија.

Многу ученици настрадале во пожар, бидејќи училиштето во било запалено и во целост изгорело, соопштија  нигериски полициски и воени органи.

Нападнато е средното училиште „Буни Јади“ во близина на Даматуру, главниот град на нигериската сојузна држава Јобе.

„ Сите настрадани се машки ученици, додека девојчињата биле поштедени“, соопшти полицискиот комесар Сануси Руфаи.

Движењето Боко Харам, чиј назив значи „Западното образование е грешно“ и кое се бори за создавање исламистичка држава, претставува  најголема закана за безбедноста на Нигерија, а во неговите напади во текот на последните 4,5 години погинаа илјадници лица.

Во јуни минатата година во напад на Боко Харам врз училиште во селото Мамудо погинаа 22 ученици. Во минатонеделниот напад бунтовниците со земја срамнија едно село, убивајќи 200 негови жители.