ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Групно силувани и обесени две сестри во Индија

силување

Светската јавност е во шок откако се откриени телата на две сестри на возраст од 14 и 15 години, од селото Катра во индиската држава Утар Прадеш, кои биле групно силувани, а потоа обесени на дрво.

Застрашувачката сцена ја откриле селаните, кои потоа се собрале околу телата, тивко протестирајќи против неактивноста на надлежните органи, на кои пред два дена им било јавено дека девојките исчезнале.

Индиската полиција соопштила дека аутопсијата покажала дека девојките повеќе пати се групно силувани пред смртта, до која дошло со бесење, а три лица се уапсени под сомнение за стореното ужасно злосторство.

– Меѓу осомничените се двајца полицајци, изјавил Атул Саксен, официјален претставник на полицијата.

s

Девојките припаѓале на Далит заедницата, што значи дека тие се наоѓале на дното на Индискиот кастен систем. Нивното исчезнување било пријавено во вторникот. Всушност, тие не се вратиле дома неколку часа откако заминале во блиското поле, да извршат физиолошка потреба, бидејќи нивното семејство немало тоалет.

Инаку, веќе подолг период има случаи на сексуална злоупотреба во земјата, според проценките, на секои 22 минути се случува по едно силување, а борците за правата на жените тврдат дека дури и оваа бројка е намалена.