ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: ИСИС го погуби Салопек

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: ИСИС го погуби Салопек

Исламската држава го егзекутирала хрватскиот државјанин Томислав Салопек, пишува Точка.

Рокот кој џихадистите на Исламската држава од провинцијата Синај го поставија за исполнување на нивните барања истече минатиот петок, па кај хрватската Влада се јави надеж дека сепак може да биде постигнат некаков договор и хрватскиот државјанин да биде извлече од рацете на ИСИЛ.

salopek

Томислав Салопек од Хрватска, татко на две деца беше киднапиран на 22-ри јули во близина на Каиро додека со службениот автомобил патувал на работа во француската компанија “CGG”. Неговиот автомобил го сопрела вооружена група која го одвела на непознато место.

Пред една седмица беше објавена снимка на која Томислав пред камера ги кажува своите лични податоци и објаснува дека Исламската држава е подготвена да го размени за „муслимани кои што се заробени во египетските затвори“.

Сепак, и покрај напорите на хрватската дипломатија, како и подготвеноста на египетските власти да платат за откуп на Хрватот, сепак киднапирањето на Томислав Салопек за жал заврши трагично.

На Твитер каде што коментираат и дел од џихадистите пишува дека „Салопек е убиен поради учеството на Хрватска во борбата против ИСИЛ откако истекол рокот од 48 часа кој го добила египетската Влада за да ги ослободи затворениците“.

Таткото на Слопек: Син ми само заработуваше леб за своите деца

Златко Салопек, таткото на Хрватот Томислав Салопек, кој во Каиро беше киднапиран од есктремистите на ИСИС, повикува киднаперите да го ослободат неговиот син.

„Ги повикувам луѓето кои го чуваат мојот син да го вратат на неговото семејство, бидејќи неговиот мотив да оди во нивната земја беше исклучиво заради леб за своите деца и ништо друго“, рекол Салопек за АФП, во семејната куќа во Врпоље.

salopek-650x326Во видеото објавено во средата човекот кој се претставува како Томислав Салопек, кој работи во Египет за фрацуска геолошка истражувачка компанија, CGG, прочита од лист дека ќе биде погубен во рок од 48 часа доколку египетската влада не ги ослободи муслиманките на ИСИС од затвор. Салопек не рече од кога почнува одбројувањето.

Триесет и тригодишниот Томислав Салопек, кој е сопруг и татко на две деца беше киднапиран на 22. јули од страна на синајскиот огранок на Исламска држава. Се верува дека тој е првиот странец кој милитантите во Египет го киднапирале, и сега му се закануваат со смрт.