вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 55

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Мумифицирано тело најдено на напуштен брод

Филипинските рибари најдоа мистериозен напуштен брод, а во него имало мумифицирано тело на човек, пренесува „Раша Тудеј“.

mumificirano-telo-brod-naslovna

Последни вести

Филипинските рибари најдоа мистериозен напуштен брод, а во него имало мумифицирано тело на човек, пренесува „Раша Тудеј“.

Властите се обидуваат да го откријат идентитетот на човекот кој бил најден на масата пред радио станицата на јахтата, каде има и фото албуми и конзерви со храна.

Мумифицирано тело најдено на напуштен брод

Мумифицирано тело најдено на напуштен брод

Полицијата во Баробо ги објави фотографиите од мумифицираните останки заедно со фотографиите од албумите на бродот, за кои се смета дека се семејни фотографии на германскиот авантурист Манфред Фриц Бајорат.

Според документите, бродот е во сопственост на Бајорат

Според документите, бродот е во сопственост на Бајорат

Според документите, бродот е во сопственост на Бајорат. Се претпоставува дека сувите океански ветрови, топлата температура и солениот воздух го мумифицирале телото.

Властите велат дека не се знае колку долго човекот е мртов. Тие потенцираат дека нема знаци на насилство и претпоставуваат дека починал од природна смрт.

Мумифицирано тело најдено на напуштен брод

Мумифицирано тело најдено на напуштен брод

Пријателите на Бајорат (59) велат дека последен пат контактирале со него преку Фејсбук пред една година. Полицијата во моментов се обидува да дознае каде бил на последното патување и како се нашол на 60 километри од брегот на Филипините.

Најчитани вести