ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Повредите на едно од децата искасани од кучето во Аеродром

На социјалните мрежи од вчеравечер кружат фотографии на кои се гледаат повредите кои девојче ги здоби при нападот на куче кој синоќа се случи во скопски Аеродром. Фотографиите се објавени од нејзиниот татко кој пишува дека неговата ќерка била спасена од бесното куче благодарение на жена која, како што вели, со голи раце се нафрлила на кучето со цел да ја спаси нејзината малолетна ќерка.

На фотографиите кои предупредуваме дека се вознемирувачки се гледа дека девојчето има повреди во пределот на левата рака.

Од МВР утринава потврдија дека во нападот на кучето повредени се две жени на возраст од 40 и 44 години и четири деца меѓу 10 и 14 години.