Вознемирувачко фото: Со куршум во срце уби друг возач за штета од 1.000 денари

Четириесет и четиригодишниот Срѓан Алексиќ од Житораѓа кај Владичин Хан во средата со пиштол го усмртил педесет и тригодишниот Љубиша Николиќ од селото Ораовица кај Грделица по кратка кавга по судар во сообраќајот.

Николиќ управувајќи возило “рено клио“ со француски таблички, одзади го удрил “југото флорида“ со врањанска регистрација. Веднаш по сударот возачот на југото Алексиќ запрел, излегол од возилото и со пиштол му пукал во срце на Николиќ.

u

Љубиша починал на самото место, а по убиството Алексиќ го фрлил пиштолот и останал на патот, покрај своето возило. Полицијата набрзо стигнал и го уапсила Алексиќ кој е притворен во интервентното возило на полицијата до завршувањето на увидот.

Невенчаната сопруга на Алексиќ за новинарите не сакала да даде изјава.

Увидот покажал дека на материјалната штета на југото е минимална, дури и помала од 1.000 динари зошто бил само малку изгребан браникот на и така стариот автомобил.

Но тоа со живот го плати Љубиша кој доби куршум директно во градниот кош, при што му било распорено срцето.

Поради оваа трагедија сообраќајот бил делумно во прекин и пренасочен.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.