ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Телото на девојката на Оскар Писториус по убиството

Овие вознемирувачки фотографии на телото на Рива Стинкамп по убиството од страна на нејзиното момче параолимпиецот Оскар Писториус беа објавени на барање на таткото на девојката.

riva-stinkamp

Судијата  дозволи поголем број вознемирувачки фотографии да бидат објавени откако обвинителите и таткото на девојката Бери Стинкамп поднесоа барање истите да се појават пред очите на јавноста.

Таткото на убиената девојка рече дека сака светот да ги види страшните повреди со кои таа се здобила од рацете на Писториус, со надеж дека ќе се спречат слични убиства во иднина.

Reeva-Steenkamp

Поранешната манекенка и ТВ презентерка беше убиена од страна на параолимпиецот во неговиот дом во Преторија, Јужна Африка во раните утрински часови на Свети Валентин во 2013-тата година.

riva-stinkamp-2

Писториус (29) тврдеше дека посмислил дека има провалник и дека се работи за трагична грешка. Сепак тој беше обвинет за убиство.