ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО+ВИДЕО: Напад врз полицајци во Аламати

Двајца полицајаци се убиени, а неколкумина нивни колеги се ранети утрово, кога непознати напаѓачи стрелеле кон нив пред зградата на управата на полицијата во центарот на казахстанскиот град Алмати, соопшти Министертсвото за внатрешни работи на Казахстан.

Полицајците возвратиле на нападот, по што вооружените непаѓачите побегнале. Веднаш по нападот полцијата го блокира реонот околку полициската управа и седиштето на Комитетот за национална бебзедност и започна антитерористичка акција.


Според полициски извори, при акцијата е уапсен еден од напаѓачите.

Претходно, претставник на Министерството изјави дека престрелката започнача пред зоната на полициската управа во Амалинскиот Реон, по што еден вооружен маж продолжи да се движи низ улиците на градот и да пука,  Според руски медиуми, мажот најверојатно е припадник на „нетрадиционално верско учење“.

Очевидци на настанот за западните медиуми изјавија дека виделе маж со автоматска пушка како бега од реонот на полициската управа. Други пак на социјалните мрежи објавија дека маж облечен во црно отворил оган врз група полицијаци, кои се обиделе да го запрат автомобилот што тој го управувал. По престрелката мажот побегнал во непознат правец.