Свет

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Вулканот на Суматра зема десетици животи

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Вулканот на Суматра зема десетици животи

Смртносна ерупција на вулканот во Суматра.

Најмалку четиринаесет лица загинале, а три се повредени, кога вулканот во Индонезија исфрлил нови облаци на гас, само еден ден откако жителите кои побегнале поради претходната ерупција, се вратиле во домовите мислејќи дека таму сега е безбедно.

Вулканот Синабунг, на кој претходните неколку месеци се забележани помали ерупции, исфрлал жешка пепел во воздухот која ги прекрила околните села.

Long-exposure photograph taken on January 27, 2014 from Karo district of Mount Sinabung volcano during an eruption

Од Службата за вонредни состојби соопштија  дека меѓу загинатите има и деца, кои биле на екскурзија, пренесе Би-Би-Си.

Вулканот Синабунг се активираше во септември, поради што над 30.000 лица беа принудени да ги напуштат своите домови.