ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Фотографии од убиен терорист во Париз

Францускиот информативен тв канал БФМ ТВ објави дека Амеди Кулибали самиот и се јавил на редакцијата на телевизиата БФМ ТВ во 15 часот, откако вчера го извршил нападот врз супермаркетот за кошер во Порт де Вансан, во источниот дел од Париз. Тој тврдел дека сака да стапи во контакт со полицијата.

ubien-1_thumb_medium500_333

Во разговорот Кулибади признал дека го синхрнизирал нападот со тој на напаѓачите врз „Шарли Ебдо“.

– Тие врз „Шарли Ебдо“, јас врз полицајците, изјавил Амеди Кулибали, кој вчера уби невооружена општинска полицајка во Монтруж.

ubien2

Тој тврдел и дека е припадник на групата Исламската држава (ИД). Во разговорот за БФМ ТВ тој рекол дека во продавницата има четворица убиени  и дека меѓу заложниците има деца.

Тој рекол дека се решил на ваков потег „за да ги брани угнетените во Палестина“ и дека ја избрал продавницата за кошер бидеќи таа е еврејска.

По извршената акција, специјални сили на француската полиција вчера го ликвидираа Кулибади. Вкупно четворица заложници биле убиени во заложничката криза, а останатите десетина биле ослободени од полицијата.

ФОТО: ЕПА