ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Командант малтретира заробени украински војници

На оваа вознемирувачка видео снимка, која се појави вчера на социјалните мрежи, се гледа како командантот на баталјонот „Сомали“, Михаил Толстих, попознат како Гиви, малтретира воени заробеници, кои биле заробени за време на судирот во борбата за аеродромот во Доњецк.

Војник со руски ознаки на униформата вади делови од униформата на преплашените украински војници, како и чинови и ги тера да ги изедат. Заканувајќи им се со нож ги тера да ги џвакаат и голтнат својата униформа и чиновите.

„Зошто дојдовте? Кој ве викна да убивате наши луѓе и да уништувате наши домови? Пораснав овде, ова е моја земја. Ќе ви покажам дека дојдовте во пеколот“, им вели командантот на заробениците.

Заробените војници, наводно се членови на украинскиот баталјон „Киборг“, кој неколку месеци ја држеше под контрола зградата на аеродромот во Доњецк.