ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Се обидел жива да ја закопа ќерката, зашто сакал син

Индиската полиција наиде на ужасна глетка во едно село во североисточниот дел на земјата откако соседите на Абул Хусеин пријавиле дека тој се обидува жива да си ја закопа ќерката во сопствениот двор.

Полицијата ја затекнала 10-годишната Рукшена со врзани раце и самолеплива трака на устата, закопана до половина во земја.

Абул признал дека се обидел да си ја закопа ќерката додека жена му не била дома, бидејќи не сакал да има ќерка, туку син.

1

Нејзината мајка се вратила дома, а Абул врз главата на ќерка си фрлил плетена кошница, бидејќи имал намера да ја сокрие од мајка и и подоцна да се врати да ја доврши работата.

Жената забележала што прави нејзиниот сопруг, па побарала помош од соседите, кои повикале полиција.

За среќа полицијата навремено реагирала и девојчето е спасено од тортурата.