ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Аматерска снимка од ужасот по бомбардирањето во Алепо

Аматерска снимка на која се прикажуваат ужасните последици од бомбардирањето со барел бомби во областа Ханано во Алепо е објавена на социјалните мрежи.

На видеото се гледа како жителите минуваат низ урнатините, извлекувајќи ги мртвите тела, меѓу кои и на деца.

Барел бомбите, кои вообичаено се фрлаат од хеликоптери, убиваат и по десетина лица наеднаш. Активистите велат дека тие се користат за да ги принудат луѓето да се преселат од регионите контролирани од бунтовниците во северните делови на градот контролирани од војската.

Како и многу други делови на Сирија, Алепо е поделен меѓу бунтовниците и силите на претседателот Башар ал Асад.

Инаку, снимката се уште не е верификувана.