ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Американски новинар обезглавен во Ирак

Американскиот новинар Џејмс Рајт Фоли е обезглавен, а со неговото убиство припадниците на ИСИС испраќаат порака до САД да ги повлечат силите од Ирак.

Фоли исчезнал на 22 ноември 2012 година додека работел во Сирија.

ИСИС објави фотографии и снимка насловени како „Порака за САД“ на кои се гледа грозоморниот чин.

Исто така групата се заканува дека ќе убие уште еден американски новинар кој е во заложништво од август минатата година, доколку Барак Обама не нареди прекин на нападите врз ИСИС.