ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ауди удира девојка на пешачки премин

Седумнаесетгодишната М.Ж. од Пуковец се бори за живот откако на 7 – ми јуни била удрена од „Ауди“ додека преминувала на пешачки премин.

Со автомобилот управувал Александар С. (21), кој се движел со огромна брзина, а од ударот М.Ж. „летала“ дури 20 метри.

Девојката била пренесена на Клиниката во Ниш, а поради тешките удари примила повеќе од 5 литри крв. Нејзината состојба сега е стабилизирана, но сеуште е во животна опасност.

Страотната глетка е снимена на безбедносни камери, а може да ја погледнете на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.