Магазин

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО): Бел тигар уби момче во зоолошка градина

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО): Бел тигар уби момче во зоолошка градина

Видовме како белиот тигар го фати за врат, момчето се превиткуваше од болки. Се мачеше околу 10-15 минути, но никој не му помогна.

Ова го тврдат очевидците кои биле сведоци на страотната глетка.

Момчето кое било на возраст од околу 22 години починало од болки откако бел тигар го нападнал во зоолошка градина во Индија, денес во околу 13:30.

За сега нема точни информации за тоа како момчето се нашло во кафезот, но се претпосавува дека скокнал своеволно.

Сведоците говорат дека целата случка траела 10-15 минути пред полицијата да стигне на местото на несреќата, но на жалост не успеале да го спасат момчето.