(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Боко Харам објави нова крвава снимка од казнување

Боко Харам објави нова крвава снимка од казнување
Боко Харам објави нова крвава снимка од казнување

Екстремистичката организација Боко Харам, објави видео снимка накоја се прикажуваат две отсечени десни раце на мажи кои на тој начин се казнети, бидејќи наводно украле пари.

На снимката се гледа дека мештаните се собрани околу вооружените борци, додека еден од нив објаснува дека тие со соочуваат со „пропишана“ божја казна.

Првата ампутација на раката не е прикажана на снимката.

Боко харам се обидува да наметне строг исламски закон во Нигерија, како и во делови на Чад, Камерун, каде што припадниците на оваа организација убиле стотина луѓе.