ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Бомбаш-самоубиец се разнесе на свадба во Турција

Бомбаш самоубиец се разнесе на свадба во градот Газиантеп во југоисточна Турција, во близина на границата со Сирија. Најмалку 30 луѓе загинале, а скоро сто се повредени, јави новинската агенција “Фокус”, Повикувајќи се на AFP.

Како што јави Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори, турските власти привремено забраниле известување за овој напад.

Гувернерот на Газиантеп потврдил дека се работи за терористичка напад кој бил изведен во центарот на градот. На социјалните мрежи се појавија информации дека бројот на мртви кои настрадале во експлозијата е 30.

Нападот се случил во 23 часот, кога гласна експлозија одекнала во свадбена сала во населбата Акдере. Првиот човек на тускиот Црвен Крст, Керим Киник нагласил дека има премногу ранети и апелирал граѓаните на Газиантеп итно да даруваат крв. Сеуште никој нема преземано одговорност за овој напад.