Вознемирувачко видео: Босански медиуми: Терористите на ИСИЛ зборуваат на наш јазик

На Јутјуб е објавено вознемирувачко видео кое ги прикажува припадниците на Исламската држава. Во еден од видеото се слуша како терористите на ИСИЛ разговараат на јазик на народите од југоисточна Европа.

Во позадина на снимката од 4:20 минута тивко се слуша разговор на терорист кој зборува на босански јазик.

Меѓутоа, подоцна јасно се слуша како двајца разговараат за ранетите и како еден прашува „Има ли многу повредени?“

Кратко по тоа друг маж прашува: „Што е, некој се измачува? Прашај што е, кажи, кажи слободно“

Пред крајот на снимката се гледаат двајца мртви мажи како лежат на бетонот во крв.

Инаку снимката е направена додека џихадистите оделе кон курдскиот град Кобани, присилувајќи 130.000 курди да се иселат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.