ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Демонстранти крвнички напаѓаат полицаец во Киев

88

Тензично  и опасно е во Киев, продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата. Досега загинаа 25 лица, меѓу кои девет се полицајци, а над 200 лица се здобиле со повреди.

Во крвавите судири кои почна во текот на вчерашниот ден, траеја во текот на ноќта, а продолжуваат и утринава, демонстрантите фрлаа со камења и молотови коктели, а полицијата возврати со огнено оружје.  Според власта, и приврзаниците на опозицијата имаат оружје.

На видеото на „Радио Слободна Европа“ јасно се гледа како двајца гневни опозиционери напаѓаат полицаец, удирајќи го камен по главата.

Лидерот на опозицијата, боксерот Виталиј Кличко го повика претседателот Виктор Јанукович да го сопре крвопролевањето низ улиците на Киев.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.