ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО (+18): Девојче прегазено од оклопно возило на истокот на Украина

Во градот Константиновка на истокот на Украина дошло до конфликт помеѓу војската и локалното население откако осумгодишно девојче беше прегазено од оклопно возило на украинската војска.

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека до несреќата дошло вчера кога военото возило налетало на тројца пешаци. Осумгодишното девојче веднаш починало, а жената и бебето во количката се пренесени во болница, пренесува Раша тудеј.

Локалните медиуми пишуваат дека возилото со украински војници со голема брзина се движело низ улиците на Константиновка, но потоа загубило контрола и ги прегазило пешаците, додека некои наведуваат дека возачот на оклопното возило бил под дејство на алкохол.

По несреќата гневните граѓани се собрале пред воената единица стационирана во локалното училиште, барајќи војската да ги предаде оние што се одговорни за смртта на девојчето, а толпата дури наводно го запалила влезот во спалната соба на војниците со Молотов коктел.

Тензиите во градот се и понатаму високи, а полицијата добила овластување да користи вистинска муниција доколку дојде до поголеми конфликти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.