Вознемирувачко видео: ИСИС егзекутира 250 сириски војници

Припадниците на терористичката организација ИСИС погубиле 250 сириски војници кои претходно ги имале заробено.

Терористите објавиле и видео снимка на која се гледа како ги носат голите војниците во пустина каде подоцна ги егзекутирале.

Еден од припадниците на ИСИС рекол дека станува збор за војници кои ги заробиле на аеродромот Табка, кој екстремистите го завзеле минатата недела.