Балкан

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Исламска држава удри крваво во Турција

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Исламска држава удри крваво во Турција
This photo taken on July 20, 2015 shows the scene after an explosion in the town of Suruc in Sanliurfa, on July 20, 2015, not far from the Syrian border. At least 20 people were killed and dozens injured, with the origin of the explosion not immediately determined, but many authorities and Turkish media claiming the attack to be carried out by a suicide bomber. AFP PHOTO / DICLE NEWS AGENCY

Бројот на загинати во бомбашкиот напад во турскиот град Суруч расте. Најмалку 27 лица загинаа, околу 100 се ранети, а се стравува дека бројот на жртви и понатаму ќе се зголемува.

– Околу пладне денес беше изведен терористички напад во градот Суруч, во округот Шанлаурфа. Според првичните сведоштва, 27 граѓани загинале. Стравуваме дека бројот на жртвите може да се зголеми, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на земјата.

Во моментов во локалните болници се примени околу 100 ранети, се додава во соопштението.

Според турското Министерство, безбедносните сили ги презеле неопходните мерки за безбедност.

Министерстовото засега не ги соопштува деталите за силната експлозија, ниту за тоа дали станува збор за терористички напад и кој би можел да стои зад него.

napad2

Меѓутоа, претставник на курдската опозициска Демократска партија на народите (ХДП) изјави дека најверојатно станува збор за терористички напад извршен од бомбаш-самоубиец.

„Хабертурк“ пак јави дека според првичните сознанија од истргата, нападот го извршил бомбаш-самоубиец, припадник на џихадистичката група Исламска држава.

Експлозијата се случила во дворот на Културниот центар „Амара“, во кој се оддржувала конференција. Најмалку 300 членови на Федерацијата на младински асоцијации на социјалистите са наоѓале во културниот центар, каде учествувале во летна акција за помош за обновата на сирискиот курдски град Кобане, кој главно е населен со локални Курди, кои побегнаа во Турција, посебно во Суруч. пред офанзивата на ИД.

Еден дел од бегалците се вратија во Кобане, откако градот беше ослобиден со помош на курдските борци, но дел од нив се уште се на турска територија.