ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ја тепа ќерка си со каиш поради фејсбук фотографија

Хелен Бартлет од Тринидад и Тобаго применила екстремни мерки за да ја казни својата 12 годишна ќерка, која на Фејсбук објавила разголени фотографии.

На вознемирувачкото видео се гледа како Хелен со каиш ја тепа ќерка си. Свесна е дека за ова може да оди во затвор, но, како што изјавила единствената намера и била да ја заштити ќерка си од “погрешен пат“.

Таа ја открила ќерка си откако ја прочитала пораката која ќерка и ја разменила со едно момче во која ја наговара на секс. По пораката Хелен го проверила Фејсбук профилот и ја открила спорната фотографија.

Хелен единствено зажалила за големиот негативен публицитет на кој ја изложила нејзината ќерка.