ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Македонец почина гол во затвор во САД

Македонец почина гол во затвор во САД. Давид Стојчевски добил 30 дена затворска казна поради тоа што неможел да плати 750 долари за сообраќен прекршок во Детроит.

Триесет и две годишниот Давид за околу две недели во затворот загубил 25 килограми, а како зависник од метадон бил префрлен во ќелија со 24 часовен надвор поради превенција од евентуални нагони на самоубиство.

Според правилата, во таа ќелија тој е сам и сосема гол. На видеото, што е објавено од страна на неговото семејство, се гледа дека Давид почнува чудно да се однесува, да халуцинира, да се тресе и никој не реагира на тоа за да го преместат во т.н. детокс ќелија.

Семејството на Давид една година по неговата смрт поднесе тужба против државата. Тие тврдат дека надлежните затворски службеници не реагирале соодветно иако цело време гледале што му се случувало на Давид во ќелијата.

Дури откако семејството поднесе тужба, случајот се појави во јавноста заедно со видеото од тоа што му се случувало на Стојчевски во затворот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.