Вознемирувачко видео: Се отвори дупка среде автопат во Крим

Шест лица загинаа меѓу кои и две деца откако со својот автомобил пропаднаа во дупка длабока 6 и широка 8 метри на патот кон Севастопољ во Крим.

Дупката се отворила откако се срушила дел од подлогата на автопатот. Спасувачките служби успеале да спасат две деца на возраст од 11 и 12 години.