ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна мост во Калкута, 17 лица загинаа

Се појави вознемирувачка видео снимка од моментот на уривањето на мостото во изградба во Калкута во Индија.

Во инцидентот најмалку 17 лица загинаа, а 78 се повредени. Сепак се верува дека околу 150 лица се заглавени под урнатините.

kalkuta-most-2

Мостот во изградба се урна во густо населената област во Северна Калкута, во близина на Гириш Парк.

На снимката се гледа гужвата на патот претрупан со моторни возила, рикши и пешаци коишто воопшто не се свесни за трагедијата што ќе се случи.

Ненадејно, огромната структура паѓа, а камерата се затемнува и се полни со прав.