ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Убиството на рускиот снимател во Доњецк

Примирјето истекува денеска, а веќе на големо се обновени борбите кај Славјанск.

Командантот за самоодбрана на Славјанск, Игор Стрелков соопштил дека започнале уличните борби кај Николајевк.

nnn

Стрелков на својот Фејсбук профил потсетил и дека украинските војници постојано за време на примирјето правеле блокада на патот кој ги спојува Северск и Николајевк на истокот на Украина.

Тој нешто порано соопшти дека украинската армија утрово повеќе од еден час го гранатирала Славјанск. Очевидците велат дека воглавно настрадал градскиот пазар и областа околу него.

Тие велат дека има и голем број жртви цивили.

BrXp8ffIQAAms9p

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор побарал од украинскиот претседател Петро Порошенко да го продолжи прекинот на огнот. Соопштено е дека претседателот на Франција, Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел вчера два пати разговарале со Путин и Порошенко.

vladimir-putin-angela-merkel-petar-porosenko-foto-ap-1402060689-510681

Објавена е и снимка на која се гледаат последните мигови од животот на Анатолиј Кљан, снимател во рускиот ТВ Канал 1, кој почина откако беше ранет во пределот на стомакот од страна на украинските војници во Доњецк.

BrW1L7XCMAAhFVe

За неговата смрт во Русија е покрената истрага.

u

Украинската армија изутринава почнала да го гранатира Славјанск. Нападот траел повеќе од еден час, а  најмногу настрадале делови на  Артјем и Голубовка. Засега се знае за еден загинат цивил и најмалку пет ранети, меѓу кои и осумгодишно девојче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.